PRAXIS, Тренинг Системи и Обуки

 

PRAXIS Тренинг Системи и Обуки е компанија за тренинг и обуки, дел од Interconn UBS, која тесно соработува со секој клиент со цел потребите на организацијата да бидат детално идентификувани и да се креира соодветен тренинг модел со соодветни резултати.

PRAXIS Training Systems is a branch of Interconn UBS offering trainings and lectures in variety of topics such as sales, customer services, negotiation, communication, leadership, management techniques, stress management, time management and other fields. 

 

PRAXIS – Потекло и намена

ПЕТТА
ДИМЕНЗИЈА

...настан за кој се зборува...

Дводневен курс според книгата
Петта Димензија
Нова Парадигма за Животот“

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

 

Во Стара Грција зборот PRAXIS се однесувал на активност преземана од слободните луѓе. Аристотел сметал дека постоеле три основни активности кај човекот: теорија, поезија и пракса (praxis), на кои соодветствувале три типови на знаење: теоретско, поетско и практично, кај кое крајната цел е акција.

Во образованието PRAXIS методата е употребувана за да се опише премин низ циклични процеси на искуствено учење.

Во спиритуалниот живот PRAXIS методата става акцент врз директно искуство (од прва рака) без посредништво. Бесконечноста може да се спознае единствено со трансценденција на конечниот ум и неговите средства – мислењето и јазикот. Оттаму, врвното спиритуалнo искуство не е всушност никаква метода, туку состојба.

Во корпоративниот развој, PRAXIS вообичаено се однесува на претворањето на теоретското знаење во практично, на нагласувањето на потребата за постојан циклус на учење преку искуство со цел да се надминат стратегиските и оперативни модели.

 

 

Зачленете се за добивање на
PRAXIS
- двонеделен електронски магазин.
Зачленувањето не само што е бесплатно, туку како награда ќе добиете линк за download на книгата Think And Grow Rich од Наполеон Хил

 

Вашето име:

Вашата е-mail адреса:

Вашите податоци ќе бидат сигурни на сервер кој автоматски ги чува и ажурира податоците. Влезот и излезот од mailing листата е под целосно ваша контрола.