ПЕТТА
ДИМЕНЗИЈА

...настан за кој се зборува...

 

Дводневен курс според книгата
Петта Димензија
Нова Парадигма за Животот“

Петта Димензија

 

PRAXIS® центарот за обуки ви го претставува првиот курс за само-развој кој ја носи етикетата Made in Macedonia

 

Надминувајќи ги со својата едноставност, применливост и резултати предимензионираните концепти како:

  • The Secret
  • The Law of Attraction
  • Think and grow rich

и сличните, Петта Димензија ги надоместува празнините оставени од истите, ги открива изоставените суштински делови и се претвора во оригинален, автентичен, моќен концепт кој воздигнува, трансформира, ослободува...

          Во 2006 година, во вакуумот кој постоеше на пазарот на дела за само-развој, удобно се смести документарецот The Secret, од кој подоцна, како транскрипт на монолозите од филмот се публикуваше и истоимената книга. Неколку месеци филмот можеше да се гледа само online за цена од 4,50 $, а подоцна се продуцираше и ДВД.
          Филмот доби на својата популарност откако неколкумина од протагонистите гостуваа на шоуто на David Letterman, a беше катапултиран во mainstream откако истите гостуваа на Oprah Show. Оттогаш, New Age културата има нов столб – Законот за Привлечност.
          Светот се потсети на релативно свежите пораки од бестелесниот ентитет Abraham ченелирани преку Ester Hicks која, пак, заедно со својот сопруг Jerry стана автор на неколку бестселери, повеќе или помалку базирани на универзалниот Закон за Привлечност. Сето тоа, пак, го врати вниманието и на малку постари дела како Think and Grow Rich на Napoleon Hill, The Science of Getting Rich на Wallace Wattles, Master Key System на Charles Haanell и The Strangest Secret на Earl Nightingale.
          Меѓутоа, сето она што на прв поглед изгледа совршено едноставно во тие дела, во пракса не дава квалитетни резултати. Практичарите дојдоа до неизбежниот заклучок дека Тајната остана тајна, а во равенката на манифестација на посакувана реалност недостасуваат битни варијабли. Иако вистина, тоа ни оддалеку не е целосна вистина.

Во таа смисла, книгата Петта Димензија – Нова Парадигма за Животот, а сега и курсот, ја пополнуваат оставената празнина. Патем, добар дел од сознанијата кои се презентирани во книгата и курсот се резултат на истражувањата спроведени од авторот, проверени со повеќегодишна лична пракса, како и работа со поединци и групи. Оттаму и ознаката Made in Macedonia.

 

За кого е курсот Петта Димензија?

За сите оние кои:

  • Копнеат да ги пронајдат одговорите на прашањата:
    • Кој сум јас?
    • Зошто сум тука?
    • Која е мојата животна мисија?
    • Што е Животот?
    • Што е Љубовта?
    • Дали постои судбина?
    • Дали можам да ја  променам насоката  на моите животни текови?
  • Се стремат да ја препознаат улогата на креатор на својот живот, на полето на
    • Професијата
    • Личните односи
    • Финансиите
    • Здравјето или
    • ... било кој друг животен аспект
  • Посакуваат да ја достигнат точката на спојување на:
    • Науката и Духовноста
    • Физиката и Метафизиката
    • Психологијата и Парапсихологијата...

 

...и сето тоа знаење практично да го применат во својот живот.

 

Што претставува курсот Петта Димензија?

Преку кратки и содржајни предавања, видео клипови кои ги илустрираат сознанијата и поентите на предадените концепти, преку индивидуални, дијадни и групни вежби, Петта Димензија:

  • ги демистифицира увезените new age концепти за само-развој
  • го разоткрива процесот на зомбификација на модерниот човек и тенденцијата за затскривање на неговата божествена природа
  • го подига сознанието за делувањето на матриците кои ја искористуваат енергијата на несвесните битија
  • ги враќа слободата и изборот на врвот на принципите на живеење на разбудениот човек

и дополнително ги открива...

  • скриените принципи на бројни езотерични учења, сублимирани во јасен, секому достапен концепт,
  • природата на она што вообичаено се нарекува „реалност“,
  • принципите на предизвикување на позитивни промени во животот на човекот,
  • неограничената моќ на креацијата на посакуваната субјективна реалност кога ќе се обединат умот и потсвеста.

Петта Димензија го предизвикува механичкиот, програмиран начин на размислување и делување и  го поништува погубното делување на конформизмот.

Користејќи неколку алатки за емоционален и ментален менаџмент, прилагодени за потребите на современиот човек, му го враќа чувството на интегрираност во својата социјална средина и му помага да го подигне својот учинок на било кое поле на делување.

Полека, чекор по чекор, вежба по вежба, практикантот се движи кон целта: стекнување со корисни алатки кои ќе му помогнат трајно да креира субјективен Микроуниверзум кој ќе зрачи со задоволство, среќа, исполнетост и чувство на животна целисходност.

 

Што е потребно за да се учествува
на курсот Петта Димензија?


Ништо повеќе од желба за промена на тековната субјективна реалност, од намера да се подигне квалитетот на сопствениот живот на повисоко ниво и малку храброст за кршење на постоечките шеми кои го ограничуваат нашиот секојдневен учинок на некое поле од нашето живеење.

 

Откријте ја
Петта Димензија во СЕБЕ

 

  • Место на одржување: Скопје (точната локација ќе биде одредена 5 дена пред почеток на курсот и секој учесник ќе биде благовремено известен)
    • Забелешка: Бројот на местата е ОГРАНИЧЕН
  • Време: 28-29.11.2009, од 09 – 18 ч.
  • Цена: 59 Еур, во денарска противвредност (≈ 3.600,00 ден. ДДВ вклучено)
    • Попусти
      • 500,00 денари за:
        • секоја книга Петта Димензија – Нова Парадигма за Животот, потпишана од страна на авторот, посветена на учесник на курсот
          Забелешки:
          • Во цената на курсот е вклучен и еден примерок од книгата
          • Доколку купениот примерок во книжарница или од авторот не е потпишан и посветен, тоа се прави пред почеток на курсот
      • секој втор, трет итн. учесник на курсот од ист семеен буџет
      • секој ученик-студент или невработен (доказ не е потребен, односот се базира на доверба и почитување на непишан морален кодекс)
    • Специјален попуст  + можност за заработка:
      • За секој учесник кој ќе направи сопствен придонес за организирање на мини група учесници на курсот следи посредничка провизија во износ од 500,00 денари/учесник. Во превод, за мини група од 7 учесника организирана од еден човек, курсот е бесплатен.
        • Забелешка: Организаторот НЕ МОРА да биде учесник на курсот. Во тој случај, му следува само посредничка провизија во износ од 500,00 / учесник.
  • Резервации: со уплата на 1.500 денари на жиро с/ка: 210-0598857801-46, NLB Тутунска Банка, Скопје
    • Назив и седиште на примачот: Интеркон УБС, дооел, Скопје
    • Цел на дознака: Курс Петта Димензија
  • Забелешка: Доплатата до вкупниот износ може да се направи преку жиро-сметка најдоцна до 26.11.2009 или во кеш пред почетокот на курсот.

 

Дополнителни информации:

    • Лице: Митко Керамитчиев
    • Тел.:
      • 02-2456003 – претпладне
      • 02-2463443 – попладне
      • 070-330703 – нон стоп
    • E-mail: m.keramitciev@interconn-ubs.net
    • Skype: mitko.keramitciev