PRAXIS тековно го евидентира интересот за курсевите кои се нудат во моментов.

1. Петта Димензија

2. Гностички Интензив

 

Набљудувачот влијае на набљудуваното

… е носечката идеја во „Петта Димензија“.
Науката полека почнува да обезбедува докази за тоа што мистиците и просветлените луѓе го прокламираа со милениуми:
Нашите мисли ја  креираат нашата реалност и нашите искуства. Нашите идеи, верувања и ставови го креираат светот кој го искусуваме“.

Квантната Физика го открива патот кон успехот во нашиот живот.

Тоа значи само едно – оној кој сака да го промени својот живот, ќе треба да ги промени своите идеи, верувања и ставови.

          Нашите мисли се матрица за нашите животни искуства. Креирањето на нашата субјективна реалност со помош на нашите мисли е основна способност на свеста. Статистиките за успешните луѓе покажуваат дека промената на начинот на размислување бил клучниот фактор во промената на нивниот живот.

Исполнувањето на нашите животни соништа не зависи од степенот на нашето образование, на нашето етничко потекло, наследството или на било кој друг надворешен фактор. Тоа е исклучиво резултат на начинот на нашето размислување. Развивање и артикулирање на мислите е првиот чекор кон трансформација на сонот во реалност.

Во единствен спој на Неуролингвистичко Програмирање, Гешталт Психологија и Квантна Физика, „Петта Димензија“ укажува на овие факти и го покажува патот. Со секоја минута од овој курс, посетителот има длабоко и проникливо искуство дека може засекогаш да го промени својот живот.

  1. Зошто бројни врвни достигнувања на луѓе од различни области на делување се сметаат за непосреден резултат на инспирацијата од дела како „Мисли и Збогати се“ (Think and Grow Rich) на Наполеон Хил?
  2. На што се должи огромниот успех на филмовите „Тајната“ (The Secret) и „What the Bleep Do We Know!?“? Кои се прашањата на кои тие дела не одговараат?
  3. Како можат новите научни сознанија кои соодветствуваат на древните мистични учења, практично да се применат во нашиот живот?

Дознајте во  „Петта Димензија“!

Подетални информации можат да се добијат со испраќање на email на следнава адреса: 5d@praxis.interconn-ubs.net. Вашата email адреса ќе биде евидентирана на листата на интересенти за курсот кои ќе бидат контактирани кога наредната група ќе биде оформена.

________________________________________________________________

Гностички Интензив

Творец на Гностичкиот Интензив, техника која е позната и како Интензив на Просветлување, како и Интензив на Директно Искуство е Чарлс Бернер (Charles Berner), американец, квантен физичар кој во последниот дел од својот живот и творештво делуваше од Австралија .

Чарлс Бернер е роден 1929 година во САД. До својата физичка смрт (Јуни 2007) беше еден од најкреативните и автентични спритуални учители на Запад. За прашањата на човековата егзистенција се заинтересирал како млад и своето прво искуство на просветлување го имал како тинејџер, медитирајќи на делото на Лао Це – Тао Те Кинг, темелот на кинескиот Таоизам.

По дистанцирањето од творецот на Сајентологијата - Рон Л. Хабард, Бернер основал сопствена школа за личен развој по називот „абилитизам“, кој доаѓал од англискиот збор „ability“, што значи способност, а во себе содржело примеси на источни философски ситеми како Таоизам, Јога, Будизам...

Огромен бил напорот, но непроценлив станал и придонесот кој Бернер го направил со структурирањето на Интензивот на Просветлување. Во трагањето по одговорите на апсурдните (за западниот ум) Зен коани со дијадната комуникација својствена за Сократовата метода на учење , на многумина им овозможило да ја спознаат својата вистинска природа и драматично да го забрзаат својот спиритуален развој. Спознанијата станале достапни и на оние кои не се препознавале во повеќегодишна целосна изолација и постојана медитација. Искуствата, иако најчесто плитки, им овозможувал на учесниците да навлезат во тајните, дотогаш резервирани за „одбрани“ поединци.

Интензивот на просторите од поранешна Југославија го донесе Живорад Михајловиќ Славински. Набргу тој направи некои измени во техниката и го промени името во Интензив на Директно Искуство. Оваа техника, на добар дел од своите практиканти им понуди искуства за кои зен и јога практикантите поминуваа големи периоди во вежбање. Иако најчесто плитки и краткотрајни, искуствата од темел ги менуваа животите на оние кои ги имаа, помагајќи им сосема природно, без употреба да било какви стимуланси да доживеат една поинаква перцепција на стварноста. Всушност, доживувањето е без посредство на било каков процес, без ниту перцепција, дури и без доживување, без ништо што алудира на било какво посредништво или влезен канал-сетило. Затоа и се вика директни искуство.

Во почетокот на оваа декада, Живорад направи дополнителни измени во техниката на Интензивот. Имено, работејќи на основните коани Кој сум Јас, Што сум Јас, Што е Животот и Што е Другото Човечко Битие или пак на специјалните коани, Живорад ја воведе т.н. алтернативна техника, во која активните партнери добиваат задача дијадно да ги комуницираат своите доживувања од двата аспекти, позитивниот и негативниот. Подеднакво внимание му се посветуваше на прашањето Кој сум Јас, како и на Кој не сум Јас. Одеднаш, поларитетниот пристап почна да дава драматично подобрени резултати и учесниците почнаа полесно и побргу да доживуваат директно искуство. Процентот на успех се приближи до 100%.

Дали сте подготвени за вашето прво директно искуство? За учество на Интензив не е потребно никакво претходнио искуство или предзнаење. Човек доаѓа таков каков што е, а си оди засекогаш изменет. За прв пат се доживува во својот „оригинал“. Тоа искуство понатаму делува како јадро, како стабилна точка на свеста на која ќе се накалемат сите понатамошни директни искуства и како тежиште на сиот понатамошен спиритуален развој и лична еволуција.

Подетални информации можат да се добијат со испраќање на email на следнава адреса: intenziv@praxis.interconn-ubs.net. Вашата email адреса ќе биде евидентирана на листата на интересенти за курсот кои ќе бидат контактирани кога наредната група ќе биде оформена.

 

 

Зачленете се за добивање на
PRAXIS
- двонеделен електронски магазин.
Зачленувањето не само што е бесплатно, туку како подарок ќе добиете линк за download на книгата Think And Grow Rich од Наполеон Хил

 

Вашето име:

Вашата е-mail адреса:

Вашите податоци ќе бидат сигурни на сервер кој автоматски ги чува и ажурира податоците. Влезот и излезот од mailing листата е под целосно ваша контрола.