
Главен фактор за УСПЕХ е СТАВОТ на работникот, сопственикот, директорот...
Студиите направени на Харвардскиот Универзитет покажаа дека СТАВОТ придонесува со 85% во добивањето и успешниот учинок на работното место. Останатите 15% се придонес на интелигенцијата и знаењето на факти и бројки.
PRAXIS го препознава и признава овој факт и го вградува во својата бизнис философија која во себе го вклучува и древниот пристап на Лао Це:
„Тоа што го слушам, го заборавам,
тоа што го гледам, го запаметувам,
тоа што го правам, го разбирам.“
Оттаму, PRAXIS практикува интерактивен пристап во креирањето и во изведбата на тренинзите и обуките. Клиентот учествува во фазата на креирање на прилагодениот тренинг, а неговите вработени, посетителите и слушателите се постојано инволвирани за време на сесијата, обезбедувајќи на тој начин комплетно разбирање и способност за примена на предадениот концепт.
PRAXIS издава двонеделен електронски магазин со истиот наслов. Магазинот изобилува со информации, корисни совети и техники од областа на личниот и корпоративниот развој и во него секој наоѓа по нешто од свој интерес.
Претплатата, се разбира е бесплатна, а со неа оди и подарок - електронска книга во pdf формат, за која, по регистрацијата, ќе добиете линк за download.